Се уште не е пронајдено телото на жената за која се тврдеше дека изгорела во пожарот

од Берта Китинска
221 прегледи

Се уште не е пронајдено телото на жената за која се тврдеше дека изгорела во пожарот во Старо Нагоричане, рече денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

-Немаме одговр за тоа дали жената е побегната и каде се наоѓа, ќе почекаме истрагата да го каже поселдниот збор, таа е единствена потенцијална жртва .Изразуваме сочувство до нејзиното семејство доколку е почината, но некако одвнатре се надеваме дека е жива и успеала да побегне од огнената стихија, вели Ангелов.