Се уште неизвесно: Според законот пописот треба да почне денеска

од Берта Китинска
278 прегледи

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во понеделникот се договорија пописот да се одложи во септември. Според сегашниот закон, пописот треба да стартува денеска и да трае до 21 април.

Но, се уште е неизвесно дали во последен момент Собранието ќе донесе одлука за негово одложување за септември како што беше договорено

„Сите претставници на пратеничките групи и претставниците на партиите застапени во Собранието биле подготвени да се одржи седница на која ќе се најдат измените на Законот за попис, освен Алијансата за Албанците и Алтернатива, се наведува во соопштението на претседателот на Собранието Талат Џафери издадено по вчерашната координација.

Од Алијансата и Алтернатива претходно рекоа дека не сакаат пописот да се одложи и дека тоа ќе биде на штета на Албанците.

Министерот за правда Бојан Маричиќ рече дека не успеале да се договорат за одложување на пописот, благодарејќи на една од опозициските пратенички групи.

Маричиќ потсети дека пописот, според постојниот Закон, треба да почне утре, а ако попишувачите излезат на терен и соберат некакви податоци, тие ќе бидат земени предвид.

„Тоа е прашање за Државниот завод за статистика и доколку го следат словото на Законот треба да се почнат определени активности. Какви активности и да се преземат, тоа ќе биде нивна проценка“, рече министерот.

Од Државниот завод за статистика кој е надлежен за спроведување на пописот велат дека немаат коментар дали треба да се одржи или одложи пописот се додека не се заврши постапката во Собранието.

Доколку денеска законот се најде на дневен ред, според него, може да биде донесен во најскор можен рок, бидејќи е предложен во скратена постапка и со европско знаменце што значи дека повеќе од два или три дена не може да трае постапката за негово усвојување.

Според законот кој се уште е во сила пописот на населението треба да почне денеска и да трае до 21 април.

Слични содржини