Сè уште се трага по возачот на „аудито“ што вчера излета во Вардар

од Nikola Popovski
68 прегледи

Возилото марка „ауди“ кое вчера попладне излета во Вардар на патот Рашче-Сарај и три женски тела синоќа беа извлечени од реката. Се уште се трага по четвртото машко лице кое управувало со возилото и најверојатно излетало во водите на Вардар, велат од Центарот за управување со кризи.

Телата на жените биле најдени во возилото. Во извлекувањето била вклучена екипа на САЕ Тигар.

Претходно, од случајни минувачи било пронајдено 4-годишно дете кое најверојатно испаднало од возилото, пред тоа да падне во Вардар. Од МВР сооштија дека детето било донесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ од случајни минувачи на местото на несреќата а подоцна било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Детето е во стабилна состојба, без животозагрижувачки повреди.

Слични содржини