244
Во тек е вештачењето на одземената пиротехничка опрема од Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети. Од Јавното обвинителство велат дека во зависност од утврдените факти, ќе се одлучи за натамошниот тек на постапката.
Со неодамнешните измени на Кривичниот законик предвидени се релативно благи казни за поседување и транспортирање пиротехнички средства. Од парична, до казна затвор. Највисоката е до три години.
Министерството за внатрешни работи во багажникот на автомобил на Дрин Ахмети откри и заплени 749 пиротехнички средства.
Ова не е прв случај внукот на Ахмети да го привлече вниманието на јавноста. Првиот пат беше кога стана сопственик на „Соравија“ во центарот на Скопје.