Се во име на власта

од Vladimir Zorba
106 прегледи

 

 

 

Од една страна, имаме десетина испитувања на јавното мислење кои укажуваат на фактот дека владата веќе не е популарна, дека загубила голем дел од својот кредибилитет, и дека доцни значително зад Нова демократија во изборот кај гласачите, до ниво кога многу експерти сметаат дека ситуацијата е неповратна и дека Грција се соочува со предвремени избори.

Од друга страна, преовладува чувството дека дека коалицијата која ја предводат левичарите, прави се што е во нејзина моќ – користејќи секаков трик кој и е на располагање – за да го подобри својот имиџ и да остане во владата со победа на следните избори, кога и тие да се случат.

Ова би бил само уште еден ден во политиката без оглед на фактот дека напорите на владата се карактеризираат со мешавина од популизам и цинизам, со комплетно занемарување на цената која паѓа на товар на земјата. Со намера да ги оствари своите цели, беше прилично болно таа да се наметне во државните институции, да ја преземе контролата врз секторите на јавната администрација, да влијае врз судскиот систем, да ги заобоколува законите и конечно самата да ги користи расположливите фондови.

Ова е планот А, а планот Б е враќање на власт што е можно побрзо ако бидат поразени на следните избори. Очигледно е дека очајната борба на владата да се одложи намалувањето на основицата за ослободување од даноци и кратењата на пензиите – како што бараат кредиторите, а посебно ММФ – се до 2019 и 202 година, е исто важно за планот Б, колку и за планот А. Ако овие мерки се сметаат за навистина суштински за земјата, би било нормално тие веднаш да стапат во сила, без разлика на цената која треба да се плати.

Но владата се грижи само за своето што подолгорочно учество во власта, а не за земјата. Затоа таа се согласи на мерките, но само нејзините ефекти да можат да се почуствуваат откако нејзиниот мандат ќе заврши, и тие да паднат на плеќите на следната влада. Во меѓувреме, коалицијата беше прилично зафатена со смислувањето на нови шеми да стават уште гласачи на државен платен список, кои ќе гарантираат постојан статус за работниците по договор ангажирани на фиксен рок, за да донесе законски амандмани кои повторно на голема врата ќе го врати клиентелизмот, и да ја замајува јавноста со сите видови истражни комисии, додека премиерот посетува религиозни локации и сече ленти за автопати чија изградба ја започнаа неговите претходници.

Најверојатното сценарио е дека сето ова нема да му помогне на премиерот за планот А, туку дека ова, се разбира, е објаснувањето зошто планот Б е веќе поставен за испалување низ цевка: за да може сегашната влада да ја обвини следната администрација за воведување на болни мерки кои кои всушност сега би требало да се спроведат.

Катимерини – Атина