303
Советот на Град Скопје по денешната ја усвои одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје.
- Тарифа 1: Старт на превоз – 40 денари, за секој изминат километар – 25 денари и за чекање во место 1 час – 300 денари;
- Тарифа 2: Старт на превоз – 50 денари, за секој изминат километар – 30 денари и за чекање во место 1 час – 420 денари;
- Тарифа 3: Старт на превоз – 60 денари, за секој изминат километар – 35 денари и за чекање во место 1 час – 480 денари.
Трите тарифи беа усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на такси превозници. При формирањето на новите цени на такси- превозот биле земени предвид цените на горивата, но и други фактори.