Се вози брзо, без дозвола, полицијата казнува на секој чекор

од Берта Китинска
277 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции еден од нив според објавената фотографија на МВР  кој бил фатен на радар возел 118 км на час , 18 за возење без возачка дозвола, 3 за возење под дејство на алкохол, 10 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се четири мерки за неносење на сигурносен појас, 6 за минување на црвено светло, 5 за возач почетник, 11 за користењена мобилен телефон, 33 прекршоци што ги чинат пешаците, 50 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Слични содржини