Се вози брзо, казнети 235 возачи

од Берта Китинска
143 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (30.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 235 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 120 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта

Слични содржини