Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ од Чучер Сандево испрати порака дека на изборите се враќа силата на народот, преку одлука која гарантира напредок и сигурна иднина, се враќа и СДСМ.
-Ситно броиме до нова победа во Чучер Сандево! За три дена, обединети во борбата за нашиот дом, во надежта за подобра иднина и љубовта кон татковината да испратиме јасна порака: Се враќа силата на народот, гласот на чесниот човек, се враќа СДСМ! Во недела сите заедно ќе порачаме дека избираме чесна работа, чесни кадри кои ги слушаат и кои работат за граѓаните. Недела е денот кога треба да донесеме најдобра одлука за нашиот дом, за нашето маало, семејство и иднината на државата. А најдобрата одлука е таа што гарантира напредок, која обезбедува сигурна иднина и која нуди перспектива. Тоа го гарантира и го може само СДСМ и нашите кандидати за градоначалници и советнички листи, порача Филипче.