Се врати таму каде што почна: Подолски потпиша за Горњик Забрзе (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Поранешниот германски репрезентативец Лукас Подолски е нов играч на полски Горњик од Забрзе, и со тоа се врати во клубот каде ги направи првите фудбалски чекори.

Искусниот 36-годишен напаѓач имаше неколку понуди од Катар и Турција, но сепак реши да се врати во својата матична земја.

Подолски има играно за Келн, Баерн Минхен, Арсенал, Интер, Галатасарај, Висел Коби и Анталијаспор. Тој одигра 130 натпревари за германската репрезентација и постигна 49 погодоци.

Тој потпиша договор со Горњик до следното лето.

Слични содржини