Воената хунта во Нигер соопшти дека „странска земја“ се подготвува да изврши инвазија на нејзина територија, без да прецизира за која земја се работи, пренесува ТВ каналот Ал Арабија.
Тие најавија и затворање на воздушниот простор на земјата поради ултиматум од Економската заедница на западноафриканските нации (ECOWAS).
Претходно „ECOWAS“ му даде на претседателот Мохамед Базум една недела да се врати на власт во Нигер, во спротивно најави дека ќе употреби сила за да го врати уставниот поредок.
Истовремено, западните медиуми објавија дека веќе е развиен план за можна воена интервенција во Нигер.
„ЕCOWAS“ претходно соопшти дека ќе ја прекине финансиската помош за Нигер, ќе воведе забрана за патување и ќе ги замрзне средствата на учесниците во пучот, нивните семејства и секој што ќе се согласи да „учествува во институциите“ формирани од бунтовничката армија.
Исто така, границите беа затворени, а комерцијалните и финансиските трансакции меѓу земјите на Заедницата и Нигер беа суспендирани.
Фото: SalamPix/ABACA / Abaca Press / Profimedia