Се заканувале на општински директори кои сакале да измерат бучава во склад за дрва во Брвеница

од Vladimir Zorba

Вчера во 16 и 17 часот во СВР Тетово на службен разговор биле повикани С.З.(66) и И.З.(36) од тетовска Брвеница.

Двајцата биле пријавени од Д.С.(60) од тетовско Милетино и од А.Д.(45) од тетовски Челопек дека се однесувале агресивно кон нив и ги спречиле во извршување на службени дејствија во нивниот склад за дрва во Брвеница.

Според пријавеното, двајцата на општинските инспектори не им дозволиле да извршат мерење на бучава, а потоа и им се заканувале во складот и во нивните деловни канцеларии.

Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Слични содржини