Се запали возило на МВР, двајца полицајци завршија на Токсикологија

од Nikola Popovski
36 прегледи

Вчера околу 12.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, настанал пожар во патничко возило, сопственост на МВР. Според пријавеното, додека полициски службеници извршувале службени дејствија, возилото се запалило.

Од МВР информираа дека двајцата полициски службеници побарале лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“- Клиника за токсикологија поради вдишан чад.

Пожарот е изгаснат од полициски службеници кои биле на местото на настанот.

Слични содржини