Се збогуваме од капитенот: Во Амстердам се ори „Горан Пандев!“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
263 прегледи

Горан Пандев, легендарниот македонски фудбалер, изјави дека натпреварот против Холандија на Европското првенство ќе биде негов последен во националниот дрес, а навивачите веќе направија спектакл посветен на својот капитен во Амстердам.

На 37-годишна возраст, Пандев стана прв голгетер за Северна Македонија на Европските првенства, а својата богата кариера ќе ја круниса со последниот натпревар во националниот тим на најголемата сцена.

„Мислам дека е време да се збогувам, верувам дека нема подобар начин да се направи тоа“, рече Пандев пред мечот со Холандија.

Македонските навивачи, популарните „Војводи“ во Амстердам, подготвија спектакл во кој му оддадоа почит на својот капитен.

Посебна атмосфера владееше и на тренингот на македонската репрезентација, кога Пандев им ја соопшти својата одлука на своите соиграчи.

Слични содржини