Бројот на жртви во пожарите во областа Атика, се искачи на 76, додека пак останува и понатаму непознато колку лица се исчезнати.
Спасувачката акција продолжува со проверка на домовите и становите зафатени од пожарот, за евентуално да се откријат загинати или исчезнати граѓани.
Во Грција, постои стравување дека бројот на жртвите ќе достигне троцифрен број.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, населбите погодени од пожарот, се без вода и електрична енергија.
Спортската сала во населбата Рафина, од вчера е адаптирана, со кревети, душеци и неопходни продукти за да им се обезбеди кров над глава на сите оние што во пожарот ги загубија нивните домови.
Волонтери, организации, граѓани, грчките општини, веќе започнаа хуманитарни акции за помош на настраданите.
Паралелно, грчката влада соопшти вонредни економски мерки за настраданите во пожарите.
"I saw corpses," one woman said.
Greece has declared three days of national mourning after wildfires near Athens killed at least 50 people. pic.twitter.com/f2IHDVw6Fj
— AJ+ (@ajplus) July 24, 2018
Министерството за финансии одвои 20 милиони евра за потребите на општините и граѓаните што беа директно погодени, ќе се отвори специјална банкарска сметка од министерството за донации, додека пак за настраданите предвидени се даночни олеснувања. Откако ќе се регистрираат материјалните штети, грчката влада ќе објави дополнителни пакет мерки за поддршка на семејствата на жртвите и на оние чии домови беа уништени.
Од вчера, со одлука на грчката влада, како што соопшти премиерот Алексис Ципрас, во Грција беше прогласена тридневна национална жалост.