Се знае кога и каде ќе биде погребан братот на осомничениот за убиството на малата Данка

од Симе Стоиков

Како што веќе е познато, од срцев удар во притвор починал Д.Д. кој е обвинет за соучесништво во убиството на малата Данка.

Д.Д беше уапсен на 6 април заедно со таткото на Р.Д., под сомнение дека му помагале на својот брат да го премести телото на убиената Данка Илиќ.

По повод смртта на Д.Д. се огласија и од српското МВР каде што рекоа:

На Д.Д. во раните утрински часови му се слошило, па и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор кои се обиделе со реанимација, тој починал во 3 часот и 10 минути, а од страна на лекар констатирано е природна смрт.

За настанот веднаш е известено Вишото јавно обвинителство во Заечар, кое нареди обдукција во Институтот за судска медицина во Белград.

Д.Д.(40), брат на Д.Д. обвинетиот за тешко убиство на Данка Илиќ, ќе биде погребан во четврток на селските гробишта во Злот кај Бор.

Слични содржини