Седете дома со децата, не одете по игротеки, порача Филипче

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Апелирам да нема собири во игротеки, како што беше случај со морбилите, туку да се избегнуваат собири. Затоа што оваа мерка би немала ефект, изјави денеска министерот Венко Филипче, по најавата за прекин на работата на градинките и училиштата.

Тој додаде дека на еден родител на дете до 10 годишна возраст, ќе му биде дозволено отсуство од работното место, и тоа ќе биде платено.

– За 1 родител до 10 годишна возраст ќе се дозволи отсуство во тек на следните 14 дена и во приватниот и во државниот сектор, изјави Филипче.

По препорака на Комисијата за заразни болести од утре се затвораат сите градинки, основни и средни училишта, како и високо образовни институции во земјата.

Изјави дека нема нов случај, но дека се тестира една пациентка за коронавирус. Станува збор за 16 годишна пациентка која има неспецифични знаци за горно респираторна болест.

Во однос на директорката за кожни болести, Филипче денеска за случајот се консултирал со ДКСК од каде му било посочено дека нема пречки за нејзина смена и покрај тоа што е во тек предизборен период.

Министерот денеска препорача и на постарите и на хронично болните лица да останат дома.

За сите физички и правни лица кои нема да се придржуваат кон нив, ќе бидат казнети според член 205 и 206 од Кривичниот законик посочи тој. Парична казна или казна затвор до една година, се предвидува според членот 206 од Кривичен законик за граѓаните кои нема да ги почитуваат препораките на Владата против ширење на коронавирусот.

Слични содржини