Шефот на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски по натпреварот со Динамо на Максимир не го криеше разочарувањето од резултатот и покрај добрата игра и на едниот и на реваншот во Лигата на шампионите.
Седлоски уште еднаш им честиташе на играчите на Вардар за храбрата и добра игра и на реваншот со Динамо.
– За публиката ова беше перфектен натпревар. За едно вакво големо натпреварување таков пенал како првиот мислам дека не постои, според она што го слушнав од моите соиграчи во соблекувалната. Не можам ништо да им замерам на моите фудбалери, одиграа храбро. Покажавме дека можеме да се носиме со ваков Динамо кој што има добри играчи, истакна предводникот на „црвено-црните“.
Водевме два пати, потоа Динамо израмни од два пенали. Кај третиот гол на противникот веќе беше готово. Вардар на овие два натпревари даде се од себе, играчите што се вели „изгинаа“. Кога ќе се собере се мислам дека заслуживме повеќе, додаде Седлоски и му посака успех на Динамо во понатамошните настапи на евро-сцената