303
Фудбалерот на Јувентус, Федерико Бернардески е позитивен на коронавирус, објави неговиот клуб.
Тој нема никакви симптоми и е во самоизолација.
Бернардески сигурно нема да може да игра во среда против Наполи во Серија „А“. Тој е седмиот репрезентативец на Италија кој е позитивен на коронавирус по враќањето од собирот на репрезентацијата.
Претходно позитивни беа Леонаро Бонучи од Јувентус, како и Марко Верати и Алесандро Флоренци од Пари Сен Жермен и Винченцо Грифо од Фрајбург, Алесио Крањи од Каљари и Салваторе Сиригу од Торино.
Покрај нив, четворица членови на делегацијата, во кои учествуваа вкупно 60 лица, се заразени со коронавирус, па се очекуваат уште позитивни наоди.