Седница на ЦО на СДСМ: Антикризните мерки ја спасија македонската економија

од Nikola Popovski
142 прегледи

Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на којашто се дискутирало за актуелната состојба во земјата, економските текови, енергетската стабилност, антикризните мерки и политики на партијата за справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза.

-Оценка на Централниот одбор е дека во тешки глобални услови, со најголемите пакети антикризни мерки во регионот од 760 милиони евра Владата предводена од СДСМ успеа да ја спаси македонската економија и успеа да ја одржи и да се развива во услови на најтешка криза.

Во пресрет на зимата обезбедени се финансиски средства, електрична енергија и енергенси за да ја пребродиме во услови на глобална економска и енергетска криза.

Нашиот енергетски систем е стабилизиран и во првата недела од декември ќе биде целосно консолидиран, велат од партијата.

Од таму додаваат дека интензивно се посветени на трансформација на енергетиката.

-Лидери сме во регионот како земја која почна со трансформација на производство на електрична енергија од обновливи извори. Само во изминатите 10 месеци од мандатот на Владата предводена од Димитар Ковачевски, имаме веќе инсталирано 27 мегавати фотонапонски централи во државата. До крајот на иднината година, 2023 година, по пат на јавно приватно партнерство ќе бидат пуштени во употреба 130 мегавати на фотоволтаични централи. Новите антикризни мерки веќе ги даваат резултатите, се намали цената на лебот, во наредниот период очекуваме намалување на цените на основните прехранбени производи од 10% и повеќе, истакнуваат од „Бихаќка“.

На седницата се отворила и дискусија за нови политики. Во рамки на тековната широка општествената дебата членовите на ЦО на СДСМ разговарале за реформата на програмите за директна поддршка во земјоделството и руралниот развој, новиот модел за субвенции како и за подобрување на фискалниот и финансискиот систем, којшто ќе овозможи раст и развој во 2023 година, целосно и навремено реализирање на сите функции на државата со фокус на капиталните инвестиции и зајакнување на живониот стандард на граѓаните.

-СДСМ е меѓу граѓаните, трибините „Силно и одлучно кон иднината“ се масовно посетени, што значи дека политиките на партијата се препознаени и поддржани од граѓаните.

Присуството на СДСМ на терен со граѓаните ќе продолжи и во иднина, заедно да зборуваме за нашата визија, за политиките за енергетската транзиција, за мерките и политиките на партијата, за новите политики за општествени промени, како и за иднината на државата како полноправна членка на ЕУ, стои во партиското соопштение.