Седница на ЦО на СДСМ за посетата на Ковачевски на САД и реформите за евроинтеграциите

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Централниот одбор на СДСМ вечер со почеток во 19.30 часот ќе одржи седница, на која, како што најавија од СДСМ, партискиот претседател и премиер Димитар Ковачевски ќе информира за посетата на САД, пораките и поддршката од стратешките партнери за земјава.

-Ќе се разговара и за повеќе актуелни теми со фокус на реформите важни за продолжување на европскиот пат на државата, најавија од СДСМ.

Од Владата претходно потврдија дека утре во Клубот на пратениците во Скопје премиерот Ковачевски ќе одржи редовна средба со партнерите од владината коалиција.

Слични содржини