Денес во Скопје се одржува седница на Управниот Одбор на Европската мрежа на американски алумни организации (ЕНАМ) која опфаќа 68 организации на учесници на програми за размена со САД од 36 земји во Европа и Азија. На состанокот присуствуваат претставници на националните организации од Австрија, Велика Британија, Германија, Грција, Италија, Ирска и Северна Македонија и се разговара за планот за развој на мрежата на алумни организии во следните пет години.

Домаќин на состанокот е Македонско – американската алумни организација (МААА) чиј претседател проф. д-р Мишо Докмановиќ е член на Управниот одбор на ЕНАМ од 2018 година. Во чест на посетата, вечерва ќе биде приреден прием за гостите од странство и македонската алумни заедница.

Слични содржини