Седраг: Администрацијата на Трамп со сите сили се обиде да го укине договорот со Иран

од Aleksandar Todeski
225 прегледи

Во 2015 година, кога почна САД повторно да ја поддржува програмата на Иран, што на многу луѓе не им се допаѓа, а со цел да се стави под контрола нуклеарната програма на Иран, вели во емисијата Што не е јасно на Алфа ТВ експертот Рави Седраг.

„Администрацијата на Трамп се обиде од сите страни да го укине договорот, па затоа Трамп ги врати санкциите на сите земји кои имаат соработка со Иран за да нема таква програма. Целта е да се дадат шанси на одредени земји да станат нуклеарни земји, односно да имаат производство на струја и се она што следува од земји кои имаат нуклеарен реактор. Откако почнаа преговорите за оваа програма, се вратија тензиите“, рече Седраг.

Според Реџеп Исмаил, со агресивна држава како САД, не може да се одржуваат договорите, бидејќи со смената на администрацијата, се поништил договорот и продолжиле санкциите.

„На Иран не им е потребна помош. Актот на убиството на Сулејмани е акт на агресија. “, рече Исмаил.

 

Слични содржини