Седум лица починаа во Хрватска од коронавирус

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Во изминатите 24 часа, седум лица починаа во Хрватска, а потврдени се нови 261 случаи на коронавирус од 5.690 тестирани лица.

Бројот на активни случаи на заразени во Хрватска е 2.429, пренесува порталот index.hr.

313 пациенти биле хоспитализирани, од кои 24 биле на апарати за дишење.

Од почетокот на пандемијата, во Хрватска се потврдени вкупно 13.368 случаи на инфекција, од кои 218 лица починале, а 10.721 се опоравиле.

Вкупно 216.495 лица биле тестирани во Хрватска, пренесува Танјуг

Слични содржини