Спасувачките екипи извлекле едно седуммесечно бебе од под урнатините, по земјотрсот што го погоди италијанскиот остров Искија, недалеку од Неапол.

Тоа е едно од трите братчиња, од кои петгодишниот Матијас беше извлечен порано, а по тригодишниот Чиро, се уште се трага, но спасвачите потврдија дека е жив и цела ноќ останал под урнатините.
Според последните податоци две жени загинаа во земјотресот, а повеќе луѓе се под урнатините, меѓу кои и деца.
Полицијата стравува дека бројот на жртви може да биде поголем откако шест луѓе се пријавени за исчезнати, по земјотресот со јачина од 4 степени според Рихтер.
Еднта жртва е на северот од островот кога врз неа паднал дел од фасада од црква, а другата е затрупана во својот дом.