СЕФ: 14 милиони работни места ќе исчезнат за 5 години

од Vladimir Zorba

Светскиот економски форум (СЕФ) објави дека 14 милиони работни места во светот ќе исчезнат во следните пет години.

Врз основа на истражување во кое учествуваа повеќе од 800 компании, СЕФ очекува дека работодавците ќе отворат 69 милиони работни места до 2027 година, додека 83 милиони работни места ќе бидат елиминирани, пренесе Си-Ен-Ен.

Па така, ќе исчезнат 14 милиони работни места, што претставува два отсто од сите вработени, се вели во соопштението на СЕФ.

Слични содржини