Сега и секретарoт и архиварката водат политика и не го даваат печатот на новиот претседател Џафери

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Лојалната собраниска администрација на Трајко Вељановски и ВМРО ДПМНЕ, не сака да ги испорача документите на новиот претседател Талад Џафери. Сега и тие наивно и партиски  водат политика и ја блокираат работата на Собранието на РМ. Не потпишуваат ниту за објава во службен весник, не го даваат кабинетот, не сакаат да пратат писмо до Иванов.

Нема одговор од генералниот секретар на Собранието Жарко Денковски на барањето од претседателот на Собранието Талат Џафери да му овозможи услови за работа за да може да ги обавува административните работни обврски.

Партиски извори за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека генералниот секретар Денковски вчера цел ден наоѓал изговори само да не одговори на барањето на спикерот Џафери да му се овозможат услови за да се работа.

Дознаваме дека и заменик секретарот на Собранието не сакал да го потпише барањето, со образложение дека тој нема надлежност. Се повикал на одредбата од Деловникот дека таква надлежност имал само генералниот секретар. Тој можел да стави потпис само ако генералниот секретар бил отсутен или спречен да ја врши функцијата.

Во собранискиот Деловник стои дека „за својата работа и за работата на Службата на Собранието, генералниот секретар на Собранието и заменикот на генералниот секретар му одговараат на Собранието, а за работите што им ги доверува претседателот на Собранието, му одговараат и на претседателот на Собранието“.

Претседателот на Собранието Џафери работата ќе ја извршува од својата канцеларија додека не дојде до официјално примопредавање на функцијата од поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заедно со поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски вчера  го окупираа кабинетото и таму сите заедно со Никола Гриевски поминаа цел ден седејќи , само за да не им влегол новиот собраниски спикер Талат Џафери. Обезбедувањето  не сакаќе да дава изјави, велат тие се само за обезбедување , други биле за давање изјави и водење политики.

Пратеникот Антонијо Милошоски ја повтори изјавата дека за ВМРО-ДПМНЕ Џафери е избран на неуставен, нелегален и незаконски начин и неговиот избор е најголем преседан во независна Македонија.

Пратеникот на ДУИ Артан Груби од ДУИ вчера рече дека новиот собраниски претседател Талат Џафери ќе може да испрати писмо до претседателот на државата Ѓорге Иванов со кое ќе побара мандатот да го даде на Зоран Заев, дури откако Службен весник ќе објави дека Џафери е новиот претседател на Собранието.

Сепак за очекување е дека оваа смешна  и наивна ситуација ќе биде надмината за некој ден, се разбира со последици за тие кои го блокираат процесот на трансфер на власта.