Сега ќе имаме повеќе време за дружба, вели Заев за Филипче

од Nikola Popovski
350 прегледи

Едно од решенијата за ресорот здравство е д-р Беким Сали и за мене тоа е прифатливо решение, вели премиерот Зоран Заев за потенцијалното ново име на министерското место.

Тој потенцира дека секако за Сали, треба да одлучат органите на Алтернатива и да го изберат.

-И ние ќе разговараме после тоа со коалициските партнери за имињата на ресорите. Ова ќе стане заедништво на сите, рече Заев.

На прашањето што понатаму со Венко Филипче, премиерот истакна дека министерот за здравство во иднина ќе стане поголем другар со него, отколку што бил.

-Ќе имаме повеќе време за дружба. Кога работиме, тоа е само службено. Во пролетта и летото знаете дека возевме мотори. Тој е мој пријател и човек од голема корист за здравјето на граѓаните. Доколку новиот премиер не смета на него, јас сметам, потенцира Заев.

Слични содржини