
Косовскиот претседател, Хашим Тачи ја поздрави одлуката на владата на Хоти за укинување на мерката за реципроцитет кон Србија.
Според него, Србија ја искористувала оваа мерка како изговор за блокирање на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.
„Сега меѓународниот притисок мора да биде насочен кон Србија со цел да продолжи дијалогот без да губење на време, дијалог што мора да заврши со взаемно признавање на двете држави“, напиша Тачи на својот профил на Фејсбук.