Сеизмолошката опсерваторија со детали за вечерашниот земјотрес во источна Македонија

од Nikola Popovski
44 прегледи

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 30.09.2024 година, во 21 часот и 28 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Како што претходно објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција (ЕМСЦ), земјотресот бил со епицентар на 12 километри северно од Берово. Бил почувствуван и во соседна Бугарија.

Потресот бил на длабочина од 12 км.

Нема информации за евентуална материјална штета.

Минатата недела два земјотреси ја погодија Македонија, од кои едниот беше почувствуван и во соседните држави.

Слични содржини