Сејдини за премиите во ФФМ: Зарем не заслужуваат сите вработени и сите што беа со тимот да бидат наградени?

од Nikola Popovski
383 прегледи

Претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини во интервју за „Коха“ одговарал на прашања, поврзани со случувањата во македонскиот фудбал. Во еден дел, тој се осврнува и за селекторот Игор Ангеловски и неговиот договор со фудбалската репрезентација.

„За секоја одлука што ќе ја носам, внимателно размислувам што треба да направам. Во 2019 година јас, Муамед Сејдини и членовите на Управниот одбор му го продолживме договорот на Игор Ангеловски кој му истекуваше во ноември 2019 година. Му дадовме можност да стане најуспешниот селектор во Македонија. За да бидете успешен, некој треба да ви даде шанса. Значи, некој му даде можност да биде успешен. А, во едно нешто сум сигурен, договорот на селекторот не му го продолживме поради поврзаност и емоции, туку поради континуитетот на екипата и резултатите што ќе ги постигнеме во иднина. Врз основа на тоа му го продолжив договорот на Игор Ангеловски“, изјавил Сејдини.

За одлуките што се носат во ФФМ околу наградата на членовите на Управниот одбор, тој вели дека тие никогаш не се менуваат.

„Како што реков претходно, пред да ги донесеме одлуките размислуваме и знаеме какви одлуки носиме. Учествувам на сите самити на УЕФА и ФИФА, заедно со колегите седнувам и дискутираме околу прашањето на федерациите, промоција итн. Ние применивме концепт во однос на премиите како што тоа го направија Словенија, Србија, Хрватска. Ние постигнавме најголем успех во последните 30 години. Зарем не заслужуваат и сите вработени и сите што беа со тимот да бидат наградени? Јас велам, да. Македонија се пласираше на Европско првенство. Ова е најголемиот успех на нашата држава од самото осамостојување и заслужуваат да бидат наградени сите кои биле дел и заедно со тимот. Ако го земете процентот кои го добија вработените и раководството, односно оние кои создаваат услови за репрезњнтацијата, во однос на вкупната парична награда од УЕФА, тој процент се движи меѓу 7 и 8“, изјавил Сејдини.

Слични содржини