368
Претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини вели дека е чиста шпекулација дека федерацијата преговара со било кој во моментов и дека се додека не завршат преговорите со актуелниот селектор, Игор Ангеловски нема да се преговара со други кандидати.
Договорот на Ангеловски со ФФМ завршува на 31 декември и се до конечна разрешница на преговорите со се уште актуелниот селектор, од Куќата на фудбалот нема да преговараат со други заинтересирани страни.
„Ова се чисти шпекулации од соседството, не е важно кој ги пласира, важно е дека ние не преговараме со никого, имаме актуелен договор со Ангеловски, ќе преговараме со него, потоа ќе решиме“, изјави Сејдини за „Дриблинг“.