Секако ќе има втор круг, тоа е проста математика, изјави Шукова

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ која е и единствената жена кандидат за главниот град, Каја Шукова вели дека ќе има втор круг на изборите и дека ќе влезе во вториот круг. 

од Vladimir Zorba
18 прегледи Фото: СДСМ

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ која е и единствената жена кандидат за главниот град, Каја Шукова вели дека ќе има втор круг на изборите и дека ќе влезе во вториот круг.

– Секако ќе има втор круг, тоа е проста математика. Ја секако ќе влезам во вториот круг, рече Шукова во првото телевизиско соочување со нејзиниот противкандидат од ВМРО-ДПМНе Орце Ѓорѓиевски, кој пак верува дека ќе победи уште во првиот круг.

Шукова, како што изјави, влегла во трката за градоначалник затоа што има сериозна кариера во областите што му се потребни на Скопје како делот за животната средина, комуналните дејности….

-Цел живот сум во животната средина и тоа не само на прашањата на животната средина и не само во креирањето на законите, туку и во имплементацијата на проектите. Го следев процесот на децентрализација сите овие години, знам кои се проблемите на локалните самоуправи и токму поради тоа и се одважив да се пријавам за оваа трка, рече Шукова на телевизиското соочување на Канал 5.

Одговарајќи на прашање од нејзиниот противкандидат дали ќе се повлече политички доколку нема втор круг на изборите, Шукова рече дека не размислува за такво нешто затоа што како потпретседател на СДСМ останува да и помогне на партијата во нејзината консолидација.

Шукова, исто така, посочи дека е во добри односи со поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, но дека немал потреба јавно да се вклучува.

-Апсолутно ми помогна во сето она што беше како визија за Скопје, каде застанал он, и каде треба да продолжиме за сите проекти, посочи Шукова.