197
Министерот за здравство д-р Венко Филипче силно ја осудува злоупотребата и прекршувањето на приориртетите за вакцинирање согласно Националниот план за вакцинација.
-Силно ја осудувам злоупотребата при процесот на вакцинирање! Во овој момент клучно е да се вакцинираат приоритетните групи на граѓани, а поради тоа е изготвен и самиот Национален план за вакцинација. Ќе се ревидираат листите на вакцинирани и секој што ја злоупотребил својата позиција или контакт ќе биде соодветно санкциониран, напиша Филипче.