Потегот на Русија е неоснован и негативно ќе се одрази на обидите за унапредување на односите меѓу двете земји, рече премиерот Зоран Заев, како одговор на прашањето како ја коментира вчерашната одлука на официјална Москва за протерање на уште еден македонски дипломат, втор по ред годинава, оставајки ја македонската амбасада речиси празна.
Премиерот информира дека во Русија ќе остане вршителот на должноста амбасадор, а наското ќе биде испратен новиот акредитиран амбасадор, кој доби одобрение од Собранието.
-Ќе имаме секогаш свои претставници во нашата амбасада во Руската федерација, рече Заев.
Од македонското МНР потврдија дека в.д. амбасадорката Оливера Чаушевска Димовска била повикана во руското министерство за надворешни работи во Москва при што и била врачена нотата за прогласување на персона нон грата на вториот секретар во амбасадата. Ваквиот потег според нашето МНР може да се одрази негативно на односите меѓу двете земји.