Секој допир со топката ги чинеше 30.000 евра: Јунајтед конечно се ослободи од Санчез

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез потпиша тригодишен договор со Интер Милано, објави италијанскиот клуб.

Како што се наведува, Алексис го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, кој траеше до 2022 година, а како слободен играч, тој и официјално стана член на Интер, каде беше на позајмица од август минатата година.

Алексис се враќа на Апенините по девет години, каде играше за Удинезе, пред да се пресели во Барселона, па Арсенал, за на крај да пристигне на „Олд Трафорд“ во јануари 2018 година.

Санчез не направи ништо во Јунајтед, тој постигна пет гола на сите натпреварувања, а статистичарите во Англија пресметаа дека секој негов допир со топката ги чинеше „црвените ѓаволи“ 30 000 евра.

Патем, Санчез искористи зеде на 65 милиони од Јунајтед за плати, без бонуси, а клубот од „Олд Трафорд“ му плаќаше дури и додека беше на позајмица во Интер.

Поточно, тимот од Манчестер му давал 430.000 евра од можните 550.000 што му биле како плата.

Слични содржини