Секој што го попречува нашиот пат кон ЕУ и НАТО не е наш пријател, вели Петровска за протераните руски дипломати

од Vladimir Zorba

Што се однесува на последното протерување засега станува збор за лица кои работеле спротивно на дипломатиските правила, меѓутоа очигледно е дека со правилата согласно речникот на безбедносно – разузнавачките служби се обиделе или сакале да се вмешаат малку повеќе во стратешките национални интереси на нашата држава, тврди министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

„Нашиот пат, патот на државата не само на оваа Влада, туку на државата во целина е многу јасен и многу пати досега сме изјавувале дека наша стратешка цел е членството во НАТО и ЕУ и секој еден кој ќе се обиде да го попречи тој пат не можеме да го сметаме за пријател, особено не ако тоа сака да го направи преку мешање во работата на институциите или кои било други субјекти во нашата држава“, изјави министерката.

Додаде дека Армијата и Министерството за одбрана се безбедни и имаат развиено систем на заштита од вакви или слични влијанија.

Слични содржини