Еден од тројца Германци сака оставката на канцеларката Ангела Меркел, покажуваат резултатите од спроведената анкета на списанието “Фокус”, пишува ДПА.

меркелчПовеќе од половина – 52% од испитаниците – се против оставката на Меркел, 15% не одговориле на прашањето. Ставот  во партии  ги дава следниве резултати. Меркел најмногу сакаат  да се повлече  меѓу симпатизерите на новата десничарска партија “Алтернатива за Германија” – 86%, следни  се од либералите од Партијата на слободните демократи – 39% и левите – 38 отсто.

меркел Најмалку противници канцеларката има меѓу поддржувачите на владејачката десничарска коалиција ХДЗ / ЦСУ – 14%. При коалициските партнери од СПД тие се 30%, а кај “Зелените” – 20%. Анкетата е спроведена во периодот меѓу 9 и 12 октомври.

Слични содржини