378
Секој трет маж во светот е заразен со најмалку еден генитален хуман папиломавирус (ХПВ), покажува студијата објавена денеска од водечкиот британски научен магазин „Лансет“.
Студијата додава дека, врз основа на 65 студии спроведени помеѓу 1995 и 2022 година, глобалната преваленца на ХПВ инфекција кај мажите е 31 отсто за кој било тип на ХПВ и околу 21 отсто за високоризичен ХПВ.
„Сексуално активните мажи, без разлика на возраста, се голем резервоар на генитални ХПВ инфекции“, се наведува во студијата, додавајќи дека постои голема потреба мажите се повеќе да се вклучат во сеопфатна стратегија за превенција на ХПВ, со цел да се намали морбидитетот, т.е. бројот на пациенти и смртноста, односно бројот на смртни случаи од болести поврзани со ХПВ.