Секојдневни навики кои се најштетни за нас и нашето здравје

од Elena Daskalova
316 прегледи

Многу е лесно да се навлечеме на лоши навики, исто како што е претешко да се ослободиме од истите. За многу од нив сме свесни за опасноста, но некои ги сметаме за сосема наивни и не ја сфаќаме нивната ризичност.

Според многубројни истражувања, ова се четирите секојдневни навики кои најмногу ни наштетуваат:

Консумирање индустриски сокови и процесирана храна

Соковите од продавница, дури и кога се 100% природни, се преполни со адитиви и конзерванси, за да се зачува свежината подолго. Тие, заедно со слатките и сувомеснатите производи, треба да се консумираат многу ретко, а најдобро е целосно да се исклучат од исхраната.

Пушење цигари

Пушењето убива и тоа го пишува на секое пакување цигари. Пушењето е поврзано со висока стапка на смртност, повеќе отколку која било друга навика. Може да предизвика рак, срцеви заболувања, проблеми со дишењето, хроничен бронхит, зголемен ризик за мозочен удар…

Предолго седење

Седечкиот живот лошо влијае и врз менталното и врз физичкото здравје. Иако многумина имаат канцелариска работа, препорачливо е да се занимаваат со аеробик или друга физичка активност која ќе го нормализира притисокот и ќе ве натера да се движите.

Пиење алкохол

Контролираното консумирање алкохол нема многу да ви наштети, но повеќе од една чашка на ден веќе претставува огромен проблем за вашето здравје.

Слични содржини