Секојдневно се бележат двоцифрени бројки на заразени во Струмица.Според последните епидемиолошки анализи, новозаболени се повозрасни струмичани како резултат на инфицираните млади кои ги заразиле домашните.
Во моментов има: досега заболени 676, активни 394.
Денеска министерот за здравство Венко Филипче по средбата со одговорните во Медицински центар Струмица најави дека првиот спрат од новото болничко крило на Струмичката болница ќе стане ковид-центар за третман и лекување на пациентите со ковид-19 во регионот,
„Станува збор за цел спрат со 100-тина легла кои веќе се опремени и има централен довод на кислородна поддршка. Тој за неколку дена може да биде ставен во функција. Во однос на кадарот, донесовме одлука да ротира персоналот од сите болнички одделенија. Во моментов има само двајца инфектолози и интернисти што доаѓаат на помош на Инфективното одделение. Распределен е специјалист од Клиниката за белодробни заболувања од Скопје, а од следната недела доаѓа професор од Инфективната клиника кој ќе се придружи на тимот овде. Ќе се прави и систем на ротација на медицинските сестри. Може да се соочиме со период во кој што целокупниот останат програм ќе се намали, со цел што е можно повеќе кадар биде на располагање за лекување на пациентите со ковид“, кажа министерот Филипче.