Секс куклите останале без работа: Еве како кинеската Комунистичка партија ја забрани омилената машка забава

од desk3
119 прегледи
 Кина е земја со еден сериозен проблем: Има повеќе мажи околку жени. Тоа е резултат  од една традиција, бидејќи девојката мора да даде мираз, да ја плати свадбата, а од друга страна и повеќедецениската политика на “едно дете”, па затоа се чести намерните абортуси ако плодот е женски.

Шок

Тоа сепак, е последица на родителскиот страв дека за нив нема кој да се грижи кога ќе остарат, бидејќи ќерката ќе се отсели, понекога и со илјадници киломери далеку, додека синот останува поблиску. Всушнот поради тоа е воведена обврската децата да се грижат за старите родители, а од неодамна е укината и политиката на едно дете. Сепак, факт е дека постои голем број на осамен имажи. А луѓето имаат потреба. Поради тоа компанијата “Touch” од  Читоа видела шнса за заработка, одосно на тие луѓе да им понуди кукли кои се веќе на чекор до робот, кои реагираат на допир (Touch), можно е да ги научиш да зборуваат што сака клиентот а ги има во неколку облици со кои оди и додатна опрема секс играчки.

Компанијата во своето соопштение пред десеттина дена објавила: “Имаат совршени тела, потполно се подложни да ги исполната сите потреби на осаменото момче”.

Цената за една ноќ е 45 долари, а секој клиент може, пред да се одлучи за ваква забава, да се сретне со одбраната кукличка. И се тоа онлајн.

Се чинело дека станува збор за работа која ќе се развива сама од себе и ќе донесе пристојна количина на пари. Одеднаш шок. Само четири дена откако рентањето на силиконските девојки почнало, фирмата објавила дека престанува со тој бизнис и “активно ќе го истражува здравјето и похармонични модели на диверсификација на полниот живот на луѓето”.

Извинување

Клиентите кои дотогаш ги користеле овие услуги биле шокирани, а уште повеќе оние кои не стигнале, а с подготвувале. Ситуацијата за компанијата била сериозна. Всушност, како што пренесуваат кинеските медиуми, компанијата е казнета, а полицијата и наредила да престане со работата. Деталите набрзо протекле и станало јасно,  на социјалните мрежи се развила дискусија за оправданоста на таквата пракса. Компанијата морала да се повлече.

“Длабоко се извинуваме поради негативното влијание кои нашите девојки имаат врз општеството”.

Значи повеќе од јасно, згрешија во одбирањето на моментот на лансирањето на услугата, за месец дена почнува конгресот на Комунистичката партија и не би требало да изгледа дека луѓето онлајн се повеќе заинтересираниа за добивање на девојка, отколку за заклучоците од конгресот.

 

Слични содржини