Секси аптекарка со своите снимки го запали ТикТок: „Сè е шега, а не омаловажување на професијата“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Српската аптекарка Ана Милановиќ (45) од Крагуевац ја запали социјалната мрежа ТикТок со своите снимки во кои пее песни во атрактивно издание, во бел мантил со неодоливо деколте, во аптека што, симболично, има врска со лекови и болка.

„Се шегувам, секако“, како што и самата вели.

Оваа жена од Крагуевац работи во Клиничкиот центар како медицинска сестра веќе 25 години, а аптеката каде што снима видеа со кои ја запали пошироката јавност е нејзина, бидејќи, како што наведува, подоцна завршила со студирањето фармација.

Кога започнала да снима кратки видеа на ТикТок, немала поим дека ќе привлече толку големо внимание не само од јавноста, туку и од медиумите.

„Се е тоа само шега. Знаете, јас сум во ковид-центарот во Крагуевац веќе една година, а поради короната повеќе нема дружење, па шегата моравме да ја пренесеме на социјалните мрежи“, ја започнува приказната Ана.

@anamilanovic23

🔥🔥🔥Hej hej#fypシ #fyp #foryoupage

♬ Ah,tugo, tugo – Elma

Таа изјавува дека токму тоа и биле целите, а не да ја исмеваат или омаловажуваат професијата што ја сака. Како некој што е на првата линија на борбата против ковидот повеќе од една година, Милановиќ наведува дека таа го прележала вирусот на нејзините нозе и дека немаме друга опција освен вакцинација.

@anamilanovic23

💊💊💊#fyp #fypシ #foryoupage

♬ Aspirin – Seka aleksic

„Секако дека сум за вакцинација, како здравствен работник. Дури и да не е ефикасна, како што тврдат некои, сега немаме друг избор. Имав корона, дури и не знаев. Не одморивме, се бориме за сите пациенти“, истакнала таа.

Ана стана вистински хит на социјалните мрежи, а наскоро нејзините обожаватели започнаа да ги споделуваат видеата и на други платформи, како што се „Твитер“ и „Фејсбук“, со претежно позитивни коментари.

Судејќи според профилот на Ана на „ТикТок“, покрај тоа што работи во аптека, таа ужива и во добра забава, брзи мотори и музика…

@anamilanovic23

⁰HVALA VAM ZA 20 K💪❤❤❤❤#fyp #fypシ #foryoupage #balkan

♬ Svijet Voli Pobjednike – Colonia

 

Слични содржини