Сексот нè прави здрави, попаметни и подобри

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Сексот не само што го регулира расположението на човекот, но ја подобрува и неговата здравствена состојба, тврдат научниците.casual-sex-6

Кои се причините?

Причина 1. По оргазам над 1,5 пати се зголемува количеството на фагоцитите – белите крвни зрнца. Имено тие според лекарите, ги зголемуваат заштитните сили на организмот, ги уништуваат клетките на ракот и се борат со различни вируси. Затоа докторите сметаат дека сексот сериозно го засилува имунитетот на организмот, во овој случај се зголемува нивото на имуноглобулин во крвта. Освен тоа оргазмот ги ублажува болките кај мигрена, главоболка, помага на жените да се ослободат од многу хронични и предменструални болки.

Причина 2. Последните истражувања нагледно докажуваат дека сексот го крева IQ-то на човекот. Човечкиот род станува попаметен од чест или барем регуларен интимен живот. Австралискиот научник Пери Барлет тврди дека сексот и трчањето ја стимулираат изработката во организмот на супстанција која е одговорна за создавањето на нови клетки во мозокот. За време на сексуален однос во крвта се појавува пролактин, кој му помага на организмот да ја одржува работоспособноста на мозокот и да спречува болести од типот на Алцхајмеровата или Паркинсоновата.

Причина 3. Покрај тоа, сексот го прави човекот посмирен. Пролактинот кој се појавува во крвта по оргазмот, сериозно го слабее дејството на друг хормон, кој се појавува во крвта при возбуда – дофаминот. Општо земено победата на првиот над вториот хормон му носи на човек чувство на исполнетост и удоволеност.

Причина 4. Некои научници тврдат дека при редовен секс човек станува лесно и подобар. За ваков случај има и посебен термин – “обичен човек”. Тука објаснувањето е дека по оргазмот во крвта се лачи хормонот окситоцин, кој може да ја умилостиви и суровата природа.

Причина 5. Некои лекари сметаат дека сексот е “диета и фитнес во еден удар”. Во овие зборови има доза вистина. Бидејќи ако жената помине на диета, потребата за секс нагло се зголемува. За време на секс, пак се трошат неколку калории. Значи се добива двоен ефект, кој се одразува добро на фигурата на претставничката на прекрасниот пол.