„Секташи“: ФОТОГРАФИЈА од Трамп предизвика лавина од коментари на мрежите

од Stefanija Kuzmanovska
162 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на првиот митинг од неговата изборна кампања во Тексас се пожали на кривичната пријава што против него ја поднесе Сторми Даниелс, ѕвездата на филмовите за возрасни, која тврди дека се обидел да ја поткупи за сексуални услуги.

Овој пат, контроверзниот претседател не привлече внимание само со своите изјави, туку и со фотографијата која ја објави новинската агенција „Асошиејтед прес“.

На него се гледа како Трамп излегува од црн автомобил облечен во темно одело со бела кошула и без вратоврска. На страниците на „Асошиејтед прес“ можно е да се најде фотографијата за која станува збор, направена од фотографот Еван Вучи, која е сосема легитимна. Во описот на фотографијата стои дека е направена на Флорида и дека на неа се гледа 76-годишниот поранешен претседател кој излегол од автомобилот и се упатил кон авионот кој го однел во Вако, Тексас.

Некои корисници на Твитер веруваат дека фотографијата е фотошопирана, создадена од вештачка интелигенција или во екстремен случај лажна бидејќи, според нив, претседателот изгледа премногу добро за да биде вистинита.

„Неверојатни сте со таа монтажа да го направите да личи на некој херој, замислете да го направиле тоа за Хилари, Џо или Берни. Вие сте е**ни секташи“, напиша еден корисник, споредувајќи го Трамп со другите претседателски кандидати кои немаа среќа да ги поправат своите тела во програмите.

Друг додаде дека дефинитивно станува збор за фото манипулација бидејќи вистинскиот Трамп тежи најмалку 30 килограми повеќе од оној на фотографијата. Линковите до страницата на која е објавена фотографијата, како и видеото кое го додале во коментарите, не ги убедиле упорните левичари дека не се работи за монтирана фотографија.

Слични содржини