Села: Алијанса останува во Владата

од desk4
151 прегледи

Алијанса за Албанците не излегува од Владата. Ова вечерва во Топ Тема на Teлма страна го изјави лидерот на партијата, Зиајдин Села, кој ваквите информации ги нарече шпекулација и политички маркетинг на ДУИ за да ги исплаши гласачите. „Ние како коалициски партнер не сме имале дебата на оваа тема“, изјаив лидерот на Алијансата.

Села кој се кандидира за градоначалник на Струга вели дека Зоран Заев политички многу греши кај Албанците со тоа што му помага на ДУИ во вториот круг од локалните избори. Тој притоа потсетува на изјавите на Заев кои ги давал пред парламентарните избори, поврзани со бомбите, во кои за криминалот на претходната власт ги посочувал и функционерите на ДУИ.

„Политиката на СДСМ не е конзистентна. Пресвртот на политичкото дејствување на Заев кон ДУИ треба тој да го објасни. Тешко дека повторно би ја добил истата поддршка од Албанците, како претходно“, изјави Села.

Села притоа вели дека политичкото однесување на Заев за локалните избори и поддршката за ДУИ му е разбирливо, но оти човечкото однесување на Заев не е во ред.

Во тој контекст тој го наведува говорот на Заев во Струга во кампања за поддршка на Рамиз Мерко од ДУИ за градоначалник, кога зборувал за неговите лузни здобиени на 27 април, додека истовремено против кандидатот за градоначалник на Струга, нема лузни, туку има дупки во главата здобиени на 27 април во Собранието.

Села му забележува на Заев и за обраќањето во Гостивар за поддршката на Невзат Бејта, кога рекол дека Бејта треба да стане градоначалник, а Арбен Таравари да остане министер.

Села во Топ Тема му порача на Заев дека граѓаните на Гостивар ќе решат кој ќе биде избран и дека изјавата ќе му ја прости како грешка.

Села ги отфрли можност за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од изборите за градоначалник, како можност да ги добие нивните гласови, велејќи дека за тоа не се созреани односите со ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено тој го остави отворено прашањето за можните коалицирања во Советот на општина Струга, велејќи дека коалициите ќе се прават по вториот круг.

Села зборуваше и за изјавите кои го обележаа како анти-Македонец, велејќи дека биле извадени од контекст или невистинити, како дел од кампања против него за да не се формира владејачкото мнозинство во Собранието.

„Не реков дека Македонците не постоле пред 100 години, туку дека пред 100 години ги немало во графите на податоците кои ги воделе Турците… Никогаш не сум рекол дека Македонија треба да биде држава на кантони, туку да мора да има вистинска децентрализација во државата“, изјави Села во Топ Тема.