474
Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села изјави дека тоа што вчера го кажа Мицкоски за брзи парламентарни избори е за политички потреби на партијата, како тие ги гледаат политичките случувања.
-Нашата определба е тоа да има повеќе врска со слободата на луѓето. Да за предвремени парламентарни избори, но на ова мора да му претходи привремена влада, ново мнозинство кое во рок од една година ќе организира предвремени избори, со одземање на власта од рацете на ДУИ за да организира избори, рече Села во дебатната емисија на Алсат ТВ.