Села: До полноќ може да продолжи седницата, се надевам Реџепи е безбеден

од Nikola Popovski
369 прегледи

Седницата уште не е завршена, се додека не се обезбедат 61 пратеник. Според деловникот на Собранието, до полноќ може да продолжи седницата, додека не се создадат услови, вели лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села во изјава за медиумите пред Собранието.

Тој се надева дека ќе се најдат услови.

-Ова денес што се случува е доказ на тоа дека паѓа Владата и граѓаните ќе се ослободат. Не знаеме каде е еден пратеник. Сите треба да бидат загрижени за фактот шт имаме Фејсбук статус, а немаме глас или физичко присуство на Реџепи. Најважно е тој и неговото семејство да бидат безбедни. Сите треба да сме безбедни, а тие кои аплаудираат на ова, нема ништо хумано кај нив, додава Села.

Слични содржини