206
„Владејачките партии ДУИ и СДСМ се исти горе-долу, бидејќи станаа како сијамски близнаци“, изјавил лидерот на Алијанса на Албанците, Зиjадин Села во емисијата „Политика“ на ТВ Глоби.
Според него, двете страни се партнери во Владата.
„ Овој другиот е најголемиот измамник во земјата. Неговиот збор во јавноста и не е збор за било кој од граѓаните, мислам дека на сите им се свежи неговите зборови од оние прес-конференции за страшната вистина за Монструм“, вели Села, додавајќи дека неправедно е за оние семејства на децата кои беа убиени, или на оние семејства чии членови можеби неправедно се влечат по судовите и им се суди повторно.