Села се сомнева дека дел од министрите отишле непоканети на инаугурацијата на Трамп

од Nikola Popovski
123 прегледи

Претседателот на Алијансата за Албанците и пратеник во Собранието, Зијадин Села, денеска ја коментираше инаугурацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп и учеството на повеќе министри и шефови на политичките партии од Македонија. Според него, „нелогично е толку мала земја да ги добие сите тие покани за учество на инаугурацијата, што предизвикува сомнеж дека министрите кои отишле не биле поканети“.

„Ако ова беше единствениот сегмент каде што се злоупотребуваа парите на граѓаните, секако дека би можеле да имаме економски развиена земја. Бесмислен натпревар кој станува уште посмешен кога ќе ги видите како се натпреваруваат во Владата за да одат на церемонијата на инаугурација на претседателот Трамп.

Простата логика јасно кажува дека нема шанси толку мала земја како Македонија да добие покани за сите тие партиски лидери, а зачудувачки, сите се дел од новото парламентарно мнозинство“, вели Села во емисијата „Дејли клик“.

На инаугурацијата на новиот американски претседател, како што соопшти Владата, ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, првиот вицепремиер Изет Меџити, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и заменик-министерот за европски прашања Викторија Трајков. Сепак, покрај нив, можевме да забележивме дека во Вашингтон се присутни и министерот Арбен Таравари, како и вицепремиерот Изет Меџити.

Во петокот, бугарскиот медиум „Лупа“ објави дека американската ПР компанија „Дашл груп“, со која ВМРО-ДПМНЕ имаат официјален договор од 2015 година, го поканила Мицкоски во Вашингтон, а не новоизбраниот американски претседател.

„Посетата на македонскиот премиер е од приватен карактер. Затоа, тој нема да присуствува на официјалната церемонија на инаугурација на Трамп. Тој ќе биде приватно лице во широкиот круг на присутни, во кој ќе има новинари од Бугарија и јавни личности од целиот свет“, велат меѓу другото од овој бугарски медиум.

Слични содржини